Балкан
18. January 2016 - 8:19

Дејли Мирор: ИД го контролира производство на марихуана во Албанија

Под наслов „ИД добива четири милијади долари од албанска марихуана за да го финасира бруталниот терор“ британскиот дневен весник „Дејли Мирор“ во неделното електронско издание пишува дека „џихадистите ја потопиле Британија со албанска марихуана“, пренесува дописникот на МИА од Тирана.

- ИД обезбедува пари за својата терористичка активност, контролирајќи ги посевите со марихуана во Албанија, која потоа се транспортира во Велика Британија. Под контрола на калифатот се мафијашките операции вредни четири милијарди долари од марихуаната која се одгледува на планините во Албанија, пишува ведникот.

Според истиот извор приватни авиони и бродови ја носат марихуаната кај босовите на дрогата во Италија, а потоа тие ја носат за велика Британија.