Македонија
16. February 2020 - 14:40

Дехари го прифати барањето на жителите од кичевските села

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари го прифати барањето на жителите од селата Гарани – Стелци, Шутово, Премка и околните населени места, да не се фрла отпад во овој регион.

Жителите претходно три дена протестираа зашто на разни локации и во близина на нивните домови се фрлаше отпад од ЈКП „Комуналец” – Кичево, меѓу кој и оној собран од јамите од кои претходно бил исцрпен јагленот за потребите на рудникот „Осломеј”.

Дехари им ја соопшти одлуката на жителите синоќа, на средба во село Гаранти.

Ново на Сител