Дефект на водоводна линија, без вода дел од Росоман и Кавадарци

Поради дефект на главната водоводна линија на потегот од Кавадарци кон Росоман, од утринава без вода за пиење се делови од двете општини.
Марјан Крстевски, техничар во организационата единица за водовод и канализација при кавадаречкото јавно претпријатие “Комуналец”, информираше дека се работи за дефект на линија фи 200.
- Во Кавадарци, без вода за пиење се жителите кои живеат кај новиот кружен тек во новиот центар на градот, но и оние на потегот кон Росоман, вклучувајќи ја тука и индустриската зона со неколку фабрики и други стопански објекти, појасни Крстевски.
Од росоманското комунално претпријатие соопштија дека како последица на дефектот, без вода за пиење се жителите од високата зона во Росоман и селото Манастирец, а селото Рибарци и жителите од ниската зона на Росоман, се соочуваат со намален притисок на водата во чешмите.
Како што нагласи Крстевски, на терен интензивно се работи на отстранување на дефектот и се очекува нормализирање на водоснабдувањето, некаде околу 13 часот.
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
