Македонија
31. December 2015 - 14:19

Дедо Мраз во Скопје се симна од Триумфалната капија

Во главниот град попладнево започна новогодишната прослава. Најнапред се одржа театарска претстава за најмалите, а потоа Дедо Мраз напладне се симна од Триумфална Порта „Македонија“ и израдува илјадници деца. 

По спуштањето од Триумфалната порта „Македонија“ плоштадот го мина со пајтон и вовче. Илјадници дечиња заедно со своите родители уживаа во другарувањето со Дедо Мраз.