Живот
23. November 2016 - 12:36

Дедо Мраз избркан од трговски центар оти се пошегувал со Хилари Клинтон

Челниците на трговски центар во местото Санфорд на Флорида отпуштиле од работа Дедо Мраз зашто на едно девојче му кажал дека Хилари Клинтон е на списокот на „непослушните“.

Мајката на девојчето, која очигледно била од спротивната политичка провениенција, се пожалила на управата. Дедо Мраз веднаш бил повикан во Одделот за човечки ресурси, и натаму не се знае што се случило со него.

Во трговскиот центар веќе има друг старец со бела брада, пишува „Дејли Мејл".