Децата од гевгелискиот дневен центар го посетија Дојран
Општина Богданци ја иницираше еднодневната посета на Дојран за штитениците на Дневниот центар за деца со посебни потреби, која ја организираше Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Гевгелија.
Активноста, посочија од општина Богданци, била планирана во Програмата од областа на социјалната заштита за 2019 година со цел да се стави акцент на социјалната инклузија и интеракција со средината која ги опкружува децата со посебни потреби.
Прекрасниот ден во Дојран децата го поминаа уживајќи во глетката на езерото и со заеднички ручек во еден од локалните ресторани, а општина Богданци вети дека во соработка со Меѓуопштинсскиот центар ќе продолжи да иницира и организира вакви активности за да помогне во социјализацијата на овие деца и да им покаже дека не се сами во нивната секојдневна борба.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Кандидатурата за Скопје ќе значи добивка и за Кисела Вода и за сите скопјани
-
Средба на лидерите на ВЛЕН
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината