-->
-->
Децата играа и се радуваа на кошарката, а родителите и дедовците се тепаа на трибините
-->

PПионерите на МЗТ Скопје Аеродром (играчи родени 2005 година и помлади), ја освоија шампионската титула во домашното кошаркарско првенство.
Најмладата екипа на МЗТ Скопје во финалниот го совладаа тимот на Дино Баскет од Кочани со 42:34, (9-11,11-9,9-5 и13-9).
До трофејот оваа селекција на МЗТ ја предводеа синовите на некогашните македонски репрезентативци Врбица Стефанов и Ѓорќе Војновиќ, односно кои заедно ги постигнаа сите поени на аеродромци во финалниот меч. Рубин Стефанов и Тео Војновиќ (синови на македонските кошаркарски легенди Врбица Стефанов и Ѓорѓе Војновиќ) сами ги победија кочанчани постигнмувајќи ги сите поени за МЗТ. Рубин постигнати 26, а Тео останатите 16 поени за МЗТ.

И додека младите талентио на теренот витешки се надмудруваа на трибините возрасните се тепаа.

Наместо да ги бодрат своите деца, внуци, дел од присутните „навивачи“ во малата сала на СЦ Јане Сандански, и тоа во повозр5асни години, се обидоа да се пресметаа физички со опонентите од спротивниот табор.

Во инцидентот беа вклучени и тренерите на двете екипи, но за среќа на повеќемината други присебни навиовачи, „усвитените глави“ брзо беа оладени, а подоцна и отстранети од салата.

За жал дечињата ја видоа најгрдата слика која може да ја видат на еден спортски натпревар, па наместо финалето да го паметат како нешто убаво, ним сигурно ќе им останат во сеќавање грдите слики во кои учествуваа нивните родители и дедовци.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бошков: Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работовачите сами да преговараат за минималната плата
-
Фицо: Словачка не се обврза на финансиска или воена помош за Украина
-
Запален отпад и стрниште на висок предел во Мариово
-
Трамп рече дека му било полесно да преговара со Русија отколку со Украина
-
Зеленски: Украина сака мир „што е можно поскоро“
-
Хрватска планира да набави до 50 германски тенкови Леопард 2А8
-
Навивачите на Манчестер Јунајтед најавуваат протестен марш во недела
-
Гвардиола: Нема да биде крај на светот ако Манчестер Сити не се пласира во Лигата на шампионите