Дебранец приведен за полов напад врз дете
Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар, приведоа дебранец како можен сторител на полов напад врз дете.
– Денеска во ОВР-Дебар, приведен е Б.Ф.(40) од Дебар кој претходно е пријавен како можен сторител на казнените дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ и „прикажување порнографски материјал на дете“. По целосно расчистување на случајот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Информираше дека синоќа во 21 часот, од слобода е лишен С.А.(40) од дебарското село Могорче, кој претходно извршил физички напад врз неговата сопруга. Против него, рече Димоски, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Што се однесува до почитувањето на мерката за носење заштитна маска и полицскиот час, во последното деноноќие на подрачјето на двете општини Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарското одделение не се регистрани прекршувања.
Според него овој месец костатирани се 53 прекршувања на мерката за носење заштитна маска на лицето и четири прекршувања на полицискиот час.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб