Дебатата за минималната плата продолжува по редовната пауза во Собранието
Расправата по Предлог-измените на Законот за минимална плата ќе продолжат по редовната едночасовна пауза.
На денешниот втор ден од дебатата, парламентарното мнозинство и опозицијата преку реплики и контрареплики ги искажаа своите гледишта и забелешки за предлог-законското решение, иако најавија поддршка.
Пратениците од опозицијата изразија жалење што не е прифатен нивниот амандман за скалесто зголемување на сите останати плати бидејќи инфлацијата, како што рекоа, влијае на животниот стандард на сите работници. Според нив, доколку се зголеми само минималната плата, а не и останатите плати, тогаш ќе дојде до урамниловка.
За парламентарното мнозинство, со законското решение ќе се подобри животниот стандард на околу 80.000 работници кои земаат минимална плата, а добро е и тоа што е променета методологијата за годишното усогласување и што минималната плата нема да може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата.
Предлог-измените на Законот за минимална плата беа доставени до Собранието откако по неколкудневни преговори на Економско-социјалниот совет на 7 февруари беше постигнат договор минималната плата да се зголеми на 18.000 денари со мартовската исплата во април. Зголемувањето на минималната плата ќе биде помогнато и од страна на државата која од Буџетот ќе одвои 16 милиони евра за плаќање на разликата во придонесите до крајот на годината.
Зголемувањето на минималната плата е барање на синдикатите, според кои, се работи за егзистенцијална потреба на работниците имајќи го предвид зголемувањето на животните трошоци и фактот што две минимални плати се малку за да се покрие минималната синдикална кошничка.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија