Македонија
3. October 2016 - 8:32

Дебата за безбедносниот систем и справувањето со кризи

Дебата на тема „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Македонија во кризна и сложена безбедносна состојба-Менаџирање и справување со кризи“ ќе се одржи денеска во организација на Факултетот за безбедност-Скопје.

Целта е да се утврдат евентуалните критични области во безбедносниот систем на Република Македонија во кои се потребни елементи за позитивна промена, меѓу другото и во делот на кризниот менаџмент и заштита и спасување.

На научниот собир, според најавата од факултетот, се очекува да се актуелизира расправата за генералното функционирање на системот за рано предупредување и справување со ризиците од кризи и катастрофи како составен дел на безбедносниот систем на Република Македонија.

На отворањето на дебата најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ќе учествуваат и претставници од академската заедница и од безбедносните институции во земјата.