Дебата: Надминување на законските и институционални бариери за решавање на проблемот со отпадот

Рециклирање на отпадот, со посебен акцент на текстилниот отпад и законските институционални бариери што треба да се надминат за поодржливо користење на ресурсите и заштита на животната средина беше главната тема на денешната дебата што се одржа во Стопанската комора наречена „Рециклирање на отпад-искуства, бариери, можности и предизвици за македонските компании“. Дебатата е дел од проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ и е организирана во соработка помеѓу стопанските комори и холандската Амбасада.
Проектот е во вредност од 1,9 милиони американски долари и има за цел да ги адресира темите од областа на бизнис регулатива.
– Првиот настан посветен на справување со текстилниот отпад – ТексРек се одржа во 2017 година, и драго ми е што во меѓувреме постигнавме напредок во третирањето на текстилните остатоци како ресурс наместо како отпад. Холандскиот „полдер“ модел што подразбира вклучување на сите чинители и дискутирање за одредено прашање додека не се најде взаемно прифатливо решение во овој случај се покажа како успешен. Останува уште многу работа, а ние сме подготвени да го ставиме на располагање холандското искуство и знаење на оваа област, истакна амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Вилијам Ваутер Пломп.
Амбасадорот пренесе две пораки, првата е дека сите ние треба да се заложиме да се трудиме многу за да го рециклираме отпадот, особено текстилниот отпад, а втората работа што ја истакна е дека сите заинтересирани страни како и владата заедно со економските претпријатија треба да се потрудат да го рециклираат отпадот затоа што тоа е многу важен ресурс што може понатаму да се искористи.
– Целта е да се зголеми уделот на рециклирање на отпадот, а со тоа да се заштеди во потрошувачка на нови суровини, енергија, вода, да се намали притисок врз животна средина, да се отворат нови работни места и да се подобрат позициите на компаниите и зголеми конкурентноста на пазарот. За нејзино остварување потребни се институционални и законски измени, јакнење на капацитетите, иновативни решенија и соработка со научната фела, посочи Славјанка Пејчиновска-Андонова, експерт за животна средина.
Ново на Сител
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
-

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот
