Посебен режим на сообраќај денеска и утре (03.04. и 04.04.2024) во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради подготовки и одржување на митинг, почнувајќи од денеска (03.04.2024) до утре (04.04.2024), односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот при што бул.„Илинден“, потегот од мост Гоце Делчев до бул.„Климент Охридски“ и од бул.„Климент Охридски“ до мост Гоце Делчев, се затворени за сообраќај во двата правци. Во текот на утрешниот ден, по потреба , ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
-

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
