Дебата „Младите и европските вредности“
Дебата на тема „Младите и европските вредности“ организира денеска во Скопје Коалицијата на младински организации.
Целта е да се отвори поширока дебата за актуелните трендови кај младите во поглед на примената на европските вредности, наспроти влијанието и улогата на различните институции и граѓански организации врз градењето на тие вредности согласно со европските стандарди и практики.
Најавени се обраќања на директорите на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и на националната Агенција за европски образовни програмии мобилност Лидија Димова, советникот за млади и спорт во Владата Ѓорги Тасев, а ќе учествуават 40 претставници на училишта, граѓански организации и институции.
Панел дискусијата се организира во рамки на проектот „Младите и европските вредности“ на Коалиција СЕГА, финансиски поддржан од Генерален Секретаријат на Владата,преку Програмата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола