Дебата „Месната самоуправа и нејзините потенцијали“
Неопходно е преземање активности за повторно да се активираат урбаните, а особоено месните заедници во селата каде жителите ќе се собираат и самите ќе одлучуваат за своите потреби и приоритети. Ова беше истакнато на денешната дебата „Месната самоуправа - неискористен потенцијал за јакнење на локалните заедници, во организација на Министерството за локална самоуправа и Канцеларијата на УНДП во Скопје.
Заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески пред почетокот на дебатата изјави дека се потребни јавни дебати за тоа колкава е потребата од месната самоуправа, односно како да се организираат урбаните и месните заедници со цел да бидат во служба на граѓаните.
- Очекувањата се дека ќе има голема заинтересираност по ова прашање, особено во селските средини за кои функционирањето на месните заедници е од исклучително значење за нивното нормално и секојдневно живеење, рече Павлески.
Нашиот пристап, како што нагласи, е дека мора да направиме се, сите граѓани, без разлика дали живеат во село или во град, да имаат подеднакво исти и квалитетни услови за живот на целата територија на Република Македонија.
- Она што е наша цел е да воспоставиме систем на локална самоуправа во кој граѓанинот ќе биде во центарот на вниманието, а неговите потреби ќе бидат врвен приоритет, рече Павлески.
Советникот на постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија Харалд Шенкер нагласи дека за УНДП е важен постојаниот развој на локалната демократија и додае оти месните заедници се дел од тој процес.
- Граѓаните да бидат во центарот на вниманието, да се подобрат услугите за граѓаните во секоја смисла. Мислиме дека тука има потенцијал. Има искуство во регионот и пошироко и работиме на заедничка визија за месните заедници, рече Шенкер.
На Форумот учествуваа претставници на месни и урбани заедници и на општини.
Ново на Сител
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“