Дебата „Конфискација на имот и нелегално стекната имотна корист“
Дијалог за политика на тема „Конфискација на имот и нелегално стекната имотна корист“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за европска политика - (ЕПИ).
Настанот ќе го отворат министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ.
За говорници на форумот се најавени: Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси интернешнал - Македонија, судијата и универзитетски професор Лазар Нанев, адвокатот и поранешен член на Антикорупциската комисија Драган Малиновски, Даница Џонова, в.д. директор на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП (дсп) и Бобан Мисоски, професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Настанот се одржува во рамките на проектот „Мрежа 23+“, имплементиран од ЕПИ и Хелсиншкиот комитет за човекови права во РМ. Проектот е финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.
Ново на Сител
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот