Дебата: ЕУ фондови – средства за поддршка на реформите или „фрлени“ пари на даночните обврзници од ЕУ
Центарот за истражување и креирање политики, заедно со Полската амбасадата во Македонија синоќа во Јавна соба организираа дебата со учество на претставници на Владата, невладиниот сектор, академијата и дипломатскиот кор, на која дебатираа за пристапот и административниот капацитет за планирање и искористување на различни видови на ЕУ фондови, вклучително ИПА.
Моника Палаш од Постојаната мисија на Полска во Брисел, со искуство во раководењето на претпристапните преговори на Полска и Евгенија Серафимовска Кирковски, раководител на Секторот за координација на европски фондови и друга странска помош, се осврнаа на капацитетот на управување на фондовите, системските недостатоци и унапредување на подготвеноста заради новите предизвици кои ќе дојдат со спроведување на новата стратегија за проширување.
Учесниците заклучија дека она што останува непроменето е потребата на земјите кориснички на фондовите добро да се подготват, да имаат административен капацитет, да соработуваат и воспоставуваат партнерства, но и да бидат флексибилни за потребните модификации кои ќе ги доведат до состјба на целосна абсорпција на фондови, стои во соопштението на Центарот за истражување и креирање политики.
Панелистите оценија дека во Македонија, ИПА програмирањето и структурата на имплементација на ИПА фондовите има добри резултати и подобра заштита на парите и јавниот интерес на ЕУ, отколку начинот и структурата за планирање и искористување на средствата од буџетот преку јавни набавки.
Препорачаа да се прилагоди системот на јавни набавки на оној кој го користиме во управувањето со ИПА и оти е потребно е истите правила да важат и за ЕУ и за парите на македонските даночни обврзници, дотолку повеќе што потенцијалот на буџетските средства кој се користи во насока на постигнување на цели врзани со пристапувањето на земјава во ЕУ е поголем од оној на ИПА фондовите.
За да се зголеми ефективноста, луѓето кои работат на планирање и имплементација на јавни фондови (државни или од ЕУ) треба да се заштитат од притисоци и да бидат подобро платени. Владата треба да усвои и политика на задржување која ќе овозможи оддржливост на административниот капацитет, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење
-
Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата
-
Бектеши доби нови 30 дена притвор
-
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
-
Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата, освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил
-
Обвинителството тврди дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани
-
Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови