Дебар ги смени имињата на улиците од имиња поврзани со Југославија со имиња од албанската историја
Владата на седницата одржана на 14 месецов го разгледала барањето на Општина Дебар, со Предлог-списокот и дала согласност на списокот на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти, објави на својот профил на Фејсбук дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.
– Владата на Република Северна Македонија, го одобри Предлог-списокот со имиња на улици во градот Дебар, доставен од Општина Дебар за одобрување. Конечно имаме причина да се радуваме на оваа долгоочекувана и посакувана добра вест. Честитки за сите дебрани и со среќа. На пример, улицата 22 декември сега ќе го носи името Јосиф Багери итн., напиша Дука, објавувајќи и примерок од известувањето.
Советот на Општина Дебар, Предлог-список за нови имиња на улиците, плоштадите, населбите и мостовите ја усвои на 29 април годинава, со запазување и на принципот на гласање според Бадентер.
Во списокот повеќе ги нема имињата на улиците поврзани со поранешна Југославија (ЈНА, 22 декември, Едвард Кардељ…), но и на првоборци и учесници во НОВ (Видое Смилевски-Бато, дебраните Здравко Чочковски, Таса Мартиновска…). Остануваат досегашните имиња на улиците Илинден, Гоце Делчев, Никола Карев, на дебарските народни херои Ибе Паликуќа и Лиман Каба, како и првоборци Павле Џиковски и Зија Мерсоски.
Најголем број од имињата се на личности и настани од албанската историја и култура и Албанци од Дебар.
Трите плоштади ќе го носат името Скендербег и Илирија, како и до сега, додека третиот плоштад ќе се именува Елез Исуфи (национален стратег по потекло од Пешкопеја – Албанија). Мостот Рајчица се преминува во Дебарски Мост, додека Мелнички Мост во Мостот на Радика. Нови имиња ќе добијат населбите Венец еден (Уранику), Венец два (Пенестија) и населбата Депласт (Мост Селам).
Инцијатива за промена на имињата, првпат, Советот на општината поведе во 1996 а потоа и во 2010, но овие иницијативи не беа реализирани до крај.
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот