Де Брујне: Јас сум најдобриот во Премиер лигата
Kевин Де Брујне сезонава е еден од најдобрите играчи на Манчестер сити, а според многумина е фаворит за наградата која му се доделува на најдобриот фудбалер во Премиер лигата.
Белгиецот верува дека ја заслужил наградата иако конкурент ќе му биде Мохамед Салах, првиот стрелец во лигата со 29 гола.
„Ако ја добијам наградата тоа ќе биде добро и за мене и за клубот. Верувам дека ја заслужувам бидејќи со константен во својата форма. Задоволен сум, не очекував дека ќе играм толку добро“, рекол Де Брујне и дополнил дека е невозможни се споредбите со Салах.
„Не можете да споредувате, невозможно е. Салах е неверојатен голгетер, игра сјајно како крилен напаѓач, но како можете да не споредувате? Викендов играв на дефанзивната позиција во средниот ред, како тоа можете да го споредите со крилен напаѓач? Неавистина не знам“, заклучил Де Брујне.
Оваа сезона Белгиецот за Манчестер сити одиграл 44 натпревари, а учинокот му е 11 гола и 20 асистенции.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза