Даути: Во Косово се извезува македонско брашно
Во Косово се извезува македонско брашно, а српскиот министер Расим Љајиќ проблемот со косовските такси за српските производи треба да го решава во Брисел, а не преку трговците во Македонија, порачува сопственикот на „Даути комерц“, Џемаил Даути.
- Факт е дека македонските мелничари увезуваат пченица од Србија, но ние имаме и сопствено производство. Брашното што се извезува во Косово е произведено од македонска пченица, а проблемот со дополнителните контроли и чекањето на границата е поради проверките што ги прават косовските власти, рече Даути во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција на Стопанската комора на северо-западна Македонија во индустриската зона Визбегово.
Тој посочи дека надлежните косовски власти проверуваат дали македонското брашно го исполнува критериумот за присуство на железо во брашното.
- Јас увезувам брашно од Италија во Косово. Не можеше производителот да го исполни условот за присуство на железо во брашното и морав да прекинам со увозот. За да продолжам производителот треба да набави нова технологија за да го исполни условот. Во Косово увезувам и дел од интегралните брашна од Македонија кои ги исполнуваат критериумите и за нив нема никаков проблем, рече Даути.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто