Македонија
31. October 2021 - 9:49

Даштевски: Се појавија мали технички проблеми низ скопските општини и во некои делови од Македонија

Претседателот на Државната изборна комисија Алексадар Даштевски на денешната прес-конференција во 09:30 часот изјави дека во сите избирачки места гласањето започнало навреме.

- Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и на неколку избирачки места надвор од скопје. Сите тие проблеми сега се решени и гласањето продолжува таму каде што беше прекинато повеќе од саат време ќе продолжи за толку колку што е прекинато, рече Даштевски.

Даштевски нагласи дека технички проблеми имало во едно место во Кисела Вода, едно место во Карпош, две места во Сарај и во Центар. Низ Македонија проблеми имало во три места во Злетово, во Македонски Брод, во Лабуништа, Чешиново-Облешево. Проблеми имало со мемориските картички но се смениле веднаш.