-->
-->
Дарио Ивановски по вторпат победник на полумаратонот во Белград
-->
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски втора година по ред е победник на полумаратонската трка што се трча како дел од Белградскиот маратон. Тој денеска патеката од 21,1 км ја истрча за 1:08.03 час што воедно е подобар резултат од ланскиот 1:10.01 час.
Ивановски беше убедлив во полумаратонот и имаше најдобри времиња и на 10 км - 31:54 минути и 1:07.49 час на 20 км.
Третото место му припадна на уште еден македонски атлетичар Милош Ранчиќ, кој имаше време 1:12.41 час, додека втор целта ја мина Милош Сегеди од Србија со време 1:12.33 час.
Во топ 10 на полумаратонската трка од македонските претставници се пласира и Игор Јакимовски (воедно и тренер на Дарио Ивановски), кој имаше резултат 1:18.32 час.
Дарио Ивановски е победник и на полумаратонскта трка на Скопски маратон од 2017 година, додека годинава Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 6.мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со „опел“ удрил во столб на патарина Сопот, двајца повредени
-
Завеани македонските села во Голо Брдо – Наставата прекината
-
И покрај снегот некои градови се уште се загадени
-
Бразилки, Колумбијки и Венецуелки од 22 до 34 години уапсени во Гостивар
-
Се отвораат училиштата во Лос Анџелес и покрај пожарите кои сè уште беснеат
-
Снег до среда, а потоа стабилно и студено време
-
Во Црна Гора спасени 14 лица заглавени во снег, регистрирани најсилни урагански ветрови
-
„Порше“ бележи пад на продажбата во светот