Бразилки, Колумбијки и Венецуелки од 22 до 34 години уапсени во Гостивар
Во угостителски објект во гостиварското село Добридол полицијата вчера извршила контрола и затекнала седум странски државјанки, кои ја злоупотребиле намената на туристичкиот престој во земјата, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму информираат дека странските државјанки се по потекло од Јужна Америка, односно пет се од Бразил, а по една е од Колумбија и од Венецуела.
„На 12.01.2005 година во 2:10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола, при што поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени седум странски државјанки на возраст од 22 до 34 години“, се вели во соопштението од МВР.
Според полицијата, тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Кривична пријава против велешанец за криумчарење на тројца мигранти