Даниловски: До летото ќе заврши пандемијата, но ќе започне епидемија на глад и сиромаштија
Останувам на ставот дека до летото ќе заврши пандемијата, меѓутоа новото нормално што не очекува не е ни најмалку она старо нормално, не заради вирусот. За жал и порано сум предупредувал, ни се заканува нова пандемија и епидемија. Епидемија на глад и немаштија, вели Даниловски за Сител.
Додава дека тоа се искушенија кои не се споредливи со оние кои ги носи ковид-пандемијата и препорачува да се носат не само краткорочни мерки туку и долгорочни, според Даниловски тие се заштеда на енергенси и обезбедување храна на долг рок.
- Граѓаните не треба да прават огромни резерви, складишта и магацини. Треба да се биде солидарен затоа што има некои кои не можат да си дозволат огромни колични храна да купат, а таа солидарност ни недостасува, но мислам дека тоа е единствениот пат за она што ни е на располагање да што порамномерно се распредели меѓу граѓаните, додава Даниловски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
