Македонија
7. November 2016 - 8:39

Даниел Ортега реизбран за претседател на Никарагва

Со над 71 процент од гласовите Даниел Ортега е реизбран за претседател на Никарагва на вчера одржаните претседателски избори, покажуваат првичните резултати, јави Би-Би-Си.

Ортега, како претставник на левицата, ќе биде шеф на државата во третиот по ред и вкупно негов четврти мандат.

Лесната победа на претседателот беше и очекувана. Некогашниот партизански командант се натпреваруваше со петмина помалку познати кандидати, откако главната опозициска партија беше исклучена од изборите.

Вицепретседател во новиот мандат на Ортега ќе биде неговата сопруга Росарио Муриљо.