Дамаск го позајмува од терористите тактичкиот потфат „отсечени глави“
Независимаја газета - Москва
Русија планира да стави крај на граѓанската војна во Сирија, а потоа заедно со САД и други земји да ги пренасочи напорите единствено во борба против Исламска држава и други терористички организации. Тоа е позицијата на Москва, со која рускиот министер за ндворешни работи Сергеј Лавров се обиде минатата недела да го запознае претседателот на САД, Доналд Трамп.
Официјалната поддршка на Вашингтон за една московска иницијатива – потпишана на 5 мај на меморандум од Астана, со која се создаваат зони за деескалација на сириските територии, сосема не значи дека на Блискиот исток веќе нема проблеми меѓу САД и Русија.
Белата куќа повторно нстојува Башар ал Асад да се повлече. Освен тоа, американскиот претседател одобри доставување на тешко оружје за курдските сили кои војуваат против ИД. Тоа ќе ги нагласи сепаратистичките стремежи во Сирија, и ќе ги заостри спротивностите на курдите не само со режимот на Асад, туку и со Турција, која ја поддржува Русија и заедно со Иран го потпиша меморандумот за зони за деескалација (ЗД) во Сирија.
Постојат извесни надежи, САД да го поддржат во ОН предложениот од Москва мировен план за средување на ситуацијата во Сирија. Истовремено, Американците продолжуваат да работат во Ирак и Сирија по сопствен, план кој особено не се совпаѓа со руските иницијативи. Според Вашингтон, создавањето на ЗД во Сирија „нема да ги опфати територииите каде коалицијата на чело со САД води борба против ИД“. Овие територии, на кои Пентагон ја спроведува операцијата „Гневот на Еуфрат“ се богати со нафта. И за Вашингтон е многу важна помошта на курдските милиции и арапските одреди за самоодбрана, кои се спротивставени на Асад, да ја преземе контролата врз тие територии. Веста дека силите кои ја напаѓаат Рака – неофицијалната престолнина на ИД, ќе бидат дополнително снабдени со тешко вооружување го истакнува стремежот на САД што е можно побрзо да завршат воените дејствија против терористите во реонот на нафтените полиња, претркувајќи ја Русија.
Како што дознаваме од изјавите на високи руски воени претставници, Москва исто така има планови за ослободување на територии богати со наоѓалишта за нафта и гас. Во врска со замислата за ЗД, генерал потполковник Сергеј Рудској неодамна изјави дека „воспоставувањето на зони за деескалација ќе им овозможи на владините војски да ангажираат значителни сили со други задачи“.Според него, тие сили „ќе бидат испратени да продолжат во спречувањето на формирање на Ид во Централна и Источна Сирија и да ги ослободат реоните по течението на реката Еуфрат“. Генералот прецизираше дека е планиран „развој на дејствувањата на исток од Палмира“, каде се наоѓаат многуборјни наоѓалишта на природен гас. Потоа се предвидува да биде „разбиена блокадата на градот Деир ал Зур“ во чија околина има извори на нафта.
Ќе истакнеме дека министерството за одбрана на Русија планира да ги поддржи дејствијата на сириските владини војски во местата каде не се наоѓаат коалициските сили на чело со САД. Конфликтот на интереси е факт. Затоа САД и нејзините арапски сојузници веројатно ќе се обидат тивко да го спречат дејтвувањето на меморандумот, а создавање на ЗД. Освен Американците, и други сили можат да прават пречки. Како што дознаваме од соопштенијата на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни, по потпишувањето на документот за ЗД се регистрирани многубројни „нарушувања на режимот за сопирање на огнот во зоните посочени во меморандумот“. Виновниците се претежно фанатични банди лиски до ИД и Џебхат ал Нусра. Рускиот генералштаб предвидува тие да бидат одделени од бунтовничките групи кои го прифатиле примирјето. Замислата е во ЗД да продолжат воените дејствија токму против фанатичните терористи се додека не бидат целосно ликвидирани.
Според информации од руското министерство за одбрана, за да бидат ЗД разграничени од останатите мирни територии Сирија во моментов „се создаваат граници за безбедност (ГБ), кои вклучуваат набљудувачки пунктови (НП) од каде се контролира почитувањето на примирјето, и контролно-пропусни пунктови (КПП) кои го обезбедуваат движењето на цивилното население“. Дејствувањата на НП и КПП , како и управувањето со безбедносните зони, „ќе се остваруваат со групи формирани од Русија, Турција и Иран“. Воено-политички извори за Независимаја газета соопштија дека во моментов се формира заедничка работна група, која вклучува претставници од тие земји, и кои до 4 јуни ќе ги претстави за одобрување точните граници за ЗД и ИС, а „исто така и карти за разграничувања на формациите на вооружената опозиција од рерористичките групи“.
Се наметнува заклучокот дека во најскоро време, руската воена група во Сирија ќе се зголеми, вклучувајќи воени контингенти кои ќе извршуваат миротворни функции во ЗД и ИД. Кон тие сили ќе се приклучат вооружени формации од Турција и Иран. За режимот на Асад, тоа е многу добро решение. Според заменик-министерот за одбрана, ген.полковник Александар Фомин, „исполнувањето на меморандумот ќе обезбеди можност да бидат прекратени борбените дејствија на страните во конфликтот и фактички ќе биде сопрена граѓанската војна во Сирија“.
Освен тоа, потребни се значителни сили од Русија, Иран, а можеби и од други земји, пријателски нстроени кон режимот на Асад, за да продолжат борбените дејствија против формирањата на ИД во Централна Сирија и кај источен Еуфрат. Сириските медиуми информираат дека во регионот веќе има такви сили. Вчера беше соопштено дека во битките крај Палмира се појавил батаљон познат под името ТУРАН, кој вклучува борци од Северен Кавказ, Задкавказието и Централна Азија, меѓу кои има и Азербејџанци шиити.
Локални новинари го нарекуваат тој батаљон „антипартизански специјален одред од Советскиот сојуз“. Тој брои околу 800 до 1,200 души. Интернет страната Free’News претпоставува дека ТУРАН најверојатно е една од приватните воени компании кои ги нудат своите услуги на сириската влада. Пред некој ден, борци од тој батаљон објавија снимки на бунтовници кои тие ги ликвидирале, меѓу кои има повеќе и со отсечени глави. Фотографиите се претставуваат како контрапропаганда која има за цел да ги исплаши џихадистите од ИД. Но тие дејствија и објаснувања не се сосема точни и логични. Како што знаеме, претходно такви снимки објавуваа само терористите од ИД.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите