Дамаск бара американските војници да ја напуштат Сирија
Американското воено присуство во Сирија е незаконско и неприфатливо, бидејќи не е одобрено од страна на властите во Дамаск, поради што САД треба да ги повлечат своите војници од земјата, изјави сирискиот заменик-министер за надворешни работи Фејсал Мекдад во интервју за телевизијата „Ал Мајадин“.
- САД треба да ги повлечат своите војници или во спротивно сириската армија ќе ги смета за непријателска сила, нагласи Мекдад.
Според него, нема никакви оправдувања за воените акции на САД и меѓународната коалиција во Сирија, бидејќи тие со своите воздушни напади „ја разурнуваат земјата, убиваат цивили и ја уриваат економската инфраструктура“.
- Тоа е во согласност со плановите на терористите, но не е во интерес на сирискиот нарор, потенцира Мекдад, додавајќи дека сите кои сакаат да се борат против терористичките групи треба да ги координираат своите акции со Сирија и нејзините сојузници.
Според сириски извори, САД имаат три свои воени база на територијата на североисточната сириска провинција Хасака, како и уште една во реонот на Кобане, во кои се стационирани околку 1.500 американски војници.
Американските сили претставуваат поддршка за арапско-курдската коалиција Сириски демократски сили, кои спроведуваат офанзива за потиснување на исламистичката група Исламска држава (ИД) од градот Рака.
Во саботата борци на Сириските демократски сили започнаа офанзива и кон градот Дејр ал Зур, каде водат борби со џихадистите во источните предградија.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати