Македонија
8. March 2021 - 16:49

Дали жените и мажите во Македонија се рамноправни?

Повеќе учат, ама помалку раководат и имаат помали плати. Статистиката е немилосрдна кога се работи за положбата на жената во општетсвото. Покажува дека од бројот на студентки е поголем за 8.000 во однос на бројот на студенти. Од сите вработени со високо образование, 10.000 повеќе се жени. Но, се друго е помалку. Само 8.000 жени се работодавачи, а над 22.000 мажи. Само 20.000 жени се самовработени, а над 73.000 мажи. Што се однесува до платите пак, состојбата е алармантна. Само 16.000 жени имаат плата над 30.000 денари, а бројот на мажи со плата од над 500 евра изнесува 25.000.

И во политиката бројките се слични. Во Собранието има 47 пратенички, во Владата има 4 министерки, а од 80 општини само 6 имаат градоначалнички. Од нив само Тетово и Битола се поголеми. 

8-ми март е меѓународен ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Таа борба кулминирала на почетокот на минатиот век. Во Македонија според статистичките податоци, оваа борба сега започнува.