Ништо не ми даде државата. Системот не функционира. Со години се бориме да добиеме дневен центар, но не ни даваат. А зошто„ За на нив да им останат повеќе пари“, рече една од огорчените мајки.
Еден од граѓаните викна: „Не ни гинеа татковците за да ни ги врзувате децата! Убијци, излезете надвор!“
„Сите знаат, децата беа изгладнувани. Тие треба да бидат заштитени. Во тие деца ги гледаме своите. Мене ако ме нема, моето дете би било таму“, низ солзи говореше една мајка.
Амела Лучкин е една од граѓанките која денеска излезе на протести пред владата на БиХ.
Во изјава за медиумите праша зошто Сабина Ќудиќ не реагирала ако знаела за фотографиите од Заводот Пазариќ.
„Зошто молчеше, зошто не побара помош од јавноста? Врзувањето на децата во Пазариќ не е хумано. Разбираме дека постојат деца кои можат сами себе да се повредат, но затоа постојат медицински кревети кои треба да се набават. Дете врзано за радијатор, може да ја удри главата во него и така себеси да си нанесе смртоносни повреди“, рече таа.
Во босанската јавноста, федералната пратеничка на Наша странка Сабина Ќудиќ објави шокантни фотографии од штитениците во Заводот Пазариќ, кои се врзани за мебелот и радијаторите.