Дали ја препознавате оваа музичка ѕвезда?

Британската пеjачка Ејми Вајнхаус беше глас на својата генерација, но за жал не успеа да остане на врвот на музичката кариера, каде во еден момент беше позиционирана.
На социјалните мрежи поставени се фотографии од пеачката од нејзиното рано детство, кои фановите најверојатно никогаш не ги виделе.
Како што пренесуваат медиумите, Ејми уште како девојче имала чудни мисли, што е напишано во книгата „Ејми Вајнхаус: Нераскажани приказни“ дело на Клои Гован.

Според информациите кои ги имала Клои, Ејми се обидела да се самоубие кога нејзиниот татко Мич Вајнхаус ја оставил нејзината мајка Џенис. Ејми не можела да ја поднесе разделбата на родителите, па се предозирала со апчиња.
Ејми Вајнхаус почина на 23-ти јули 2011-та година на 27-годишна возраст во Лондон, од труење со алкохол.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
