Далас го победи Милвоки, Дончиќ со нов „трипл-дабл“ и рекорд
Лука Дончиќ уште еднаш се покажа како главен актер во натпревар на Далас, и покрај неговата сè уште кратка кариера во НБА. Словенечкиот феномен ги уништи Jaнис Адетокумбо и Милвоки Бакс со својот 17-ти „трипл-дабл“ од 36 поени, 14 скокови и неверојатни 19 асистенции и ги поведе Маверикс до успехот над „елените“ со 136:132 (35:22, 27:39, 31:20, 26:28, 17:13) по продолжение.
Деветнаесетте асистенции на Дончиќ се врв во неговата кариера, а исто така беше изедначен рекордот за тековната сезона за Леброн Џејмс, кој забележа 19 додавања против Орландо Меџик во јануари. Покрај тоа, откако се споија НБА и АБА, само двајца играчи регистрираа „трипл-дабл“ со најмалку 30 поени и 19 асистенции – Меџик Џонсон и сега Лука Дончиќ.
Покрај Дончиќ, Доријан Фини-Смит го забележа можеби најсилниот меч во кариерата со 27 поени, 11 скокови и 5 асистенции, Кристапс Порзингис постигна 26 поени и 11 скокови, Макси Клебер додаде 15 поени од клупата.
Јанис Адетокумбо беше на вообичаеното високо ниво со 34 поени, 13 скокови и 5 блока, Брук Лопез забележа најдобар резултат од 34 поени, Крис Мидлтон постигна 21 поен, 6 скокови и 11 асистенции, а Ерик Бледсоу заврши со 15 поени.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница