Дафина Стојаноска: Власта засилено врши притисок врз членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ
Власта во заминување врши секојдневен притисок и мобинг врз граѓани, вработени во јавната администрација.
Во последните неколку денови засилено се врши притисок врз наши членови, симпатизери и воопшто врз сите неистомисленици со власта, вработени во јавната администрација.
Според податоците кои секојдневно доаѓаат до нас регистрирани се неколку случаи на преместување и мобинг врз вработени во АВРМ, ЈП Македонски шуми, МВР и МЗШВ.
До нас се пристигнати стотици неосновани дисциплински постапки, распоредувања од една општина во друга, распоредувања на пониско ниво и отказни решенија. Инспекциските служби и комисиите кои одлучуваат во втор степен по жалби за права од работен однос, се дел од систематскиот притисок што се врши врз вработените од јавниот сектор.
Власта ги шиканира вработените во јавниот сектор со цел пред избори да влее страв кај граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ ја следи аздисаноста на власта и порачува, за шиканирањето, мобингот и заплашувањето на вработените во јавните институции ќе има одговорност. Никој не смее да им се заканува на граѓаните заради политичка определеност или неопределеност.
Власта треба да ги тргне рацете од јавната администрација, која професионално си ја извршува работата во корист на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ нема да ги остави вработените во јавната администрација сами во борба со неправдата на СДСМ. Токму заради овие причини партијата нуди бесплатна правна помош за сите вработени во јавната администрација кои на било кој начин се жртви на оваа власт. За таа цел сите граѓаните, вработени во јавната администрација ќе можат да добијат стручна правна помош од партијата во сите Општински Комитети низ државата секој работен ден во период од 17 – 19 часот.
ВМРО-ДПМНЕ и ги охрабрува сите малтретирани вработени во јавниот сектор да ги пријавуваат сите видови на притисоци на работните места, зошто правда ќе има за сите, а функционерите – деспоти ќе одговараат за сите злоупотреби и притисоци!
Насилието нема да го спречи падот на оваа власта. На 12-ти април доаѓа обновата на Македонија, Од 13-ти април почнуваме со враќање на достоинството на администрацијата. Администрацијата ќе биде независна од политиката и ќе работи професионално и исклучиво во полза на граѓаните.
Новинарско прaшање: Ваш коментар околу изјавата на Заев за можноста за промена на датумот за предвремените парламентарни избори?
Одговор на новинарско прашање: Да, туку што пристигна оваа вест дека Заев дал ваква изјава што на очиглед на јавноста не е прв пат. Се сеќавате на изјавите кога се колнеше во жицата и децата дека нема да го промени Уставот, па го промени, па на оние прослави за добивање на датум за почеток на преговори, за сега пред неколку денови да се соочиме со тоа дека датум немаме. Ова не му е прв пат, но пречки за избори на 12-ти април нема, тоа го кажа и претседателот на лидерската средба на којашто сите учесници на таа средба, партии консензуално се договорија да има избори. Ова едноставно е само обид на Заев и алиби да и избега на правдата, таа е онаа правда заради која што ги урнисаа сите државни институции во државата. Но, токму таа правда нив ќе ги стигне кога тогаш. Колку повеќе одолговлекуваат толку посилен пораз ќе доживеат.
Ново на Сител
-
Силекс лидер во Првата македонска фудбалска лига
-
Одбрано новото раководство на СДСМ: Александар Димитријевиќ нов генерален секретар, избрани потпретседатели
-
Масовна тепачка во скопска кафеана за тоа кој да ја плати сметката
-
Крадец влегол во домот на скопјанец и украл парчиња накит, потоа го нападнал и сопственикот
-
Измамен 54-годишен за 730 илјади денари, му кажале дека има 15.000 долари заглавени во банка
-
Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ