Дачиќ: Србија од 1 јуни ги отвора границите, чекаме одговор од регионот за нашите граѓани
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија ќе ги отвори своите граници со Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија од 1 јуни, но дека официјален Белград чека потврда од тие земји дали нивните граници ќе бидат отворени за српските граѓани, јави дописникот на МИА.
-Нивните граѓани ќе можат да влезат во Србија, но тие земји мора да ни одговорат дали нашите граѓани ќе можат да одат таму. Тие сè уште не ни одговориле, изјави Дачиќ на ТВ Прва.
Тој најави дека и Србите и странците ќе можат слободно да влезат и да ја напуштат Србија, без карантин, тестови и дозволи што порано им беа потребни на странците.
-Дали е тоа безбедно зависи од проценка на епидемиолозите. Анализата покажа дека епидемијата е во процес на слабеење и исчезнување и дека новите случаи се се помалку и немаат тешка клиничка слика, кажа тој.
Од 15 јуни без карантин ќе биде дозволен премин на границата и во сообраќајот со Бугарија и Грција.
-Започнува летната туристичка сезона, од која зависи приходот на многу земји и сега е време да се живее со вирусот, а не да се парализира светот, оцени српскиот министер за надворешни работи.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден