Дачиќ: Србија ќе го спроведе Охридскиот договор до своите црвени линии
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вчера изјави дека неговата земја е подготвена да го спроведе договорот постигнат во Охрид, но до црвените линии.
- А нашите црвени линии, она со што не се согласуваме, нашата резервираност и на што имаме право и се изземаме од тоа - е взаемно признавање: без признавање на Косово и без членство на Косово во Обединетите нации, изјави Дачиќ во Брисел, каде што учествува на донаторска конференција за собирање средства за Турција и Сирија.
Шефот на српската дипломатија рече дека во Охрид се зачувани српските национални интереси, јавува Радио Слободна Европа.
Тој додаде дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово ќе биде правно обврзувачко за Приштина.
Процесот на дијалог, според него, е само во насока на нормализирање на односите и ништо повеќе од тоа.
- Мислам дека ова е продолжение на она што го започнавме пред десет години и во овој поглед е многу важно да се знае дека ова е договор за натамошни чекори во нормализацијата на односите, а не за прашањата за статусот, потенцира Дачиќ.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани