Дачиќ: При распадот на Југославија ЕУ се однесуваше како тибетските филозофи
- Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на денешното отворање на конференцијта „Безбедоносни предизвици на Балканот“, што се одржува во Темишвар, говорејќи за распадот на СФР Југославија и за косовскиот проблем, изјави дека ЕУ се однесувала „како филозовите од Тибет, без да посочи ниту едно решение“.
- Југославија беше составена од шест народи и шест федерални единици. Наместо контролирано моделирање на дезинтеграција на Југославија, ЕУ дозволи еднострани акти на одделните актери и истите ги призна. Така се случи да се признае и седмата единица која никогаш не постоеше - а тоа е Косово, кое прогласи независност со унилатерален чин. ЕУ се однесуваше како филозофите од Тибет. Не понуди никакви решенија или иницијативи, оцени Дачиќ.
Во соопштение на српското Министерство за надворешни работи се наведува дека Дачиќ во говорот го повторил и поранешниот став на Србија за промена на границите.
- Во ЕУ ни кажуваат дека нема промена на границите, но што е со прашањето за границите на Србија? Прво ги урнаа, а потоа велат дека повеќе нема промена на границите. Ние тоа не го прифаќаме, па макар тоа да доаѓа од Брисел, Вашингтон, Москва. Кога Каталонија сака да се отцепи тоа не може, а кога Косово сака, тогаш може. Тоа не е чесно, изјави шефот на српската дипломатија на отварање на конференцијата во Романија.
Дачиќ, анализарјќи го српското историско минато од Косовската битка во 14 век, оцени дека „Србија е бомбардирана од НАТО, за да се создаде Косово како држава“, порачувајќи да земјата нема да влезе „ни во НАТО, ни во Источниот блок, доколку тој постои“.
Тој констатираше дека стратешка цел на Белград е влез во ЕУ, кој е спречен се додека не се постигне правно обврзувчки договор со Косово, за кој во „ЕУ не знаат што треба да пишува во него“, за во продолжение на говорот да посочи дека „стабилноста на регионот е важна и затоа мора да се бараат компромиси, а не да се прифаќаат еднострани акти“.
Романија, која идната година ќе претседава со ЕУ е една од петте членки на Унијата што го немаат признато Косово, за што Дачиќ на отварањето на конференцијата изрази бладарност до шефот на романската дипломатија Теодор Малешкану.
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
