Дачиќ: Најбрзо и најправедно решение – да се знае што е српско, а што албанско
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија генерално треба да продолжи со сегашните ненасилни методи на борба на Косово, бидејќи тие се „најсмртоносните”, а меѓународната заедница најмногу ја боли тоа што Србите не се во косовските институции.
Сега се поставува прашање дали властите во Приштина ќе пронајдат некои свои „свои” Срби, за да ги стават во институциите, како што тоа го правеше Србија со Албанците во 1990-тите, но тие луѓе немаа и нема да имаат поддршка од својот народ, смета Дачиќ.
Говорејќи за решението на косовскиот проблем, Дачиќ истакна дека единственото нешто што мисли дека е реално е да се прифати фактичката состојба на терен – да се знае што е српско, а што албанско.
Според него, главни виновници за нерешавањето на проблемот се оние кои не прифаќаат и не разбираат дека тоа е најбрзата и најправедната одлука.
Дачиќ истакна дека Србија го почитува Вашингтонскиот договор исто како што го почитува и Косово, кое го прекрши барајќи прием во Советот на Европа.
-Ќе им вратиме не со иста мерка, туку десеткратно повеќе, рече Дачиќ и додаде дека Србија работи на повлекување на признавањето, како и на тоа некои земји да го променат ставот.
Дачиќ изјави дека Србија не може да воведе санкции кон Русија и Кина бидејќи со тоа не добива нови пријатели и може да ги загуби старите.
-Ќе беше сосема поинаку ако ние на Запад имавме разбирање. Ако кажете: САД, Франција, Велика Британија како постојани членки на Советот за безбедност ќе ги имаат предвид нашите интереси, нема да го турнат Косово во Обединетите нации и се друго, слушнавте и што вели Турција, дека нема да престанат, рече Дачиќ.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
