Дачиќ: Хулигани во Белград до смрт го претепале братот на вицепремиерот на Владата на Федерацијата БиХ
Ѓорѓе Мијатовиќ (37), брат на вицепремиерот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина и министер за развој и претприемништво Војин Мијатовиќ, убиен е вчера во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
-Синоќа околу 18-19 часот полицијата добила повик дека е дојдено до некоја тепачка, отишле на адресата во општина Вождовац, го пронашле повредениот со сопругата. Го однесоа во Урегентна и таму почина, изјави Дачиќ за ТВ Блиц.
Тој додаде дека синот на Мијатовиќ претходно се пожалил дека му ја украле топката, и дека имал проблем со двајца мажи.
Според неофицијални информации на Телеграф.рс, Мијатовиќ бил претепан од две млади момчиња кои побегнале и по кои полицијата трага.
За случајот е известено и Вишото јавно обвинителство кое нареди обдукција.
Како што пренесуваат белградските медиуми, синот на Мијатовиќ вчера му се пожалил на својот татко дека во паркот на Вождовац го малтретирале млади луѓе. Мијатовиќ потоа отишол кај нив, а по кратка дискусија тие го нападнале и го претепале.
Тој во тешка состојба бил примен во болница каде им подлегнал на повредите.
Медиумите во Босна и Херцеговина претходно објавија дека братот на Мијатовиќ бил убиен вчера во Карабурма, но станува збор за уште еден инцидент во кој постар човек бил избоден со нож
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата