Дачиќ: Хрватите ги опструираат сите разговори

Хрватска со години ги опструира разговорите за отворените билатерални прашања и Загреб бара тие разговори да се подигнат на политичко ниво, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи во техничката Влада, Ивица Дачиќ.
Дачиќ во изјава за „Данас“ вели дека комисиите, кои требало да разговараат за проблемите во односите меѓу двете земји се формирани пред неколку години, но не работат.
На прашањето зошто не работат, Дачиќ одговори дека Хрватите ја опструираат работата со аргументација дека тоа не можат да го решат комисии, туку дека разговорите мора да се подигнат на политичко ниво.
На прашањето дали тоа е сторено, односно дали во меѓувреме се сретнале државните секретари во министерствата за надворешни работи или замениците-министри, Дачиќ наведува дека средби се уште не се одржани.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
