Дачиќ: Дијалогот меѓу власта и опозицијата не се желби и поздрави, мора да имате политика
Следната недела, претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, ќе разговара со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент (ЕП), Дејвид Мекалистер, за продолжението, динамиката, темите и учесниците во меѓупартискиот дијалог, што е продолжение на процесот почнат пред изборите минатата година, јави дописникот на МИА од Белград.
-На тој процес беше дефинирано дека претседателот на Собранието на Србија и претставникот на ЕП ќе бидат копретседавачи на состаноците, изјави Дачиќ за РТС.
Тој најави дека на следните избори ќе бидат почитувани препораките на мисијата на ОБСЕ (ОДИХР) , но дека сите одлуки, сепак, ќе бидат донесени од Владата на Србија.
Дачиќ ги отфрли критиките дека опозицијата го чека неговиот повик и рече дека само „Двери“ му се обратиле, додека некои опозициски партии „подготвуваат позиции што ги испраќаат до ЕП“.
-Ако некој го сфаќа дијалогот како желби и поздрави на слушателите или очекува дека тоа ќе им донесе преодна влада, се наоѓа на погрешен пат, кажа Дачиќ.
Тој потврди дека се исполнети 80 отсто од претходно договорените услови, но дека опозицијата, на пример, бара одвојување на претседателските и парламентарните избори, и како што додаде, тој е „сведок дека Борис Тадиќ некогаш го скратил мандатот за изборите да бидат во ист ден“.
-Овде, дел од опозицијата мисли дека е повисока класа и не сака да седи со Ненад Чанак или Чеда Јовановиќ или Воислав Шешељ, а некои не сакаат да седат со европскиот посредник, така што ние ќе ги сослушаме сите. Ако некој не знае како ќе го сториме тоа, ќе бидат спроведени 27-те препораки на ОДИХР и нема што да разговараме, оцени Дачиќ.
Тој заклучи дека опозицијата нема политика за победа на изборите и дека е свесна за тоа.
Претседателот на српското Собрание објасни дека постојат забелешки на однесувањето на некои европски парламентарци, како што е Тања Фајон, за која сметаат дека е пристрасна, но дека ЕП генерално го критикуваше бојкотот на опозицијата, дека сакаат да помогнат, но дека одлуките се на државата.
Ново на Сител
-
Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија
-
Генералниот секретар на НАТО во посета на Грција
-
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година
-
Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен
-
НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета
-
Трамп најави нови царини за Кина, Канада и Мексико
-
Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија