Дабарот Фил предвиде уште шест недели зима
Дабарот Панксатони Фил од градот Панксатони во американската сојузна држава Пенсилванија денеска предвиде уште шест седмици зима.
Секоја година на Денот на дабарот, 2 февруари, луѓето „со нетрпение“ очекуваат глодарот да предвиди колку ќе трае зимата. Луѓето и вчера се собраа кај местото Гоблерс Ноб додека членовите на одбраниот „Внатрешен круг на Панксатони Фил“, составен од мештани, „го повикуваат“ животното да излезе од неговиот трупец в зори за „да соопшти“ дали ја видел својата сенка... Според преданието, ако Фил „ја види својата сенка“, ќе има уште шест недели зима, ако не си ја види, пролетта ќе дојде порано.
Градот Панксатони се наоѓа на околу 105 километри североисточно од Питсбург, а настанот потекнува од германската легенда за влакнестиот глодар, па тоа денес секоја година собира илјадници луѓе во САД.
Националната управа за океани и атмосфера ја спореди прогнозата на Фил со официјалните временски обрасци изминатите 10 години и откри дека „во просек, Фил бил во право 40 отcто од случаите“. Според податоците, од 1887 година досега, Фил ја предвидувал зимата повеќе од 100 пати, а за 10 години не се зачувале податоци, велат организаторите на овој традиционален настан.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда