Да се заштити 500 години старата бука на Пониква
На терените на Пониква на Осоговските планини во комплексот каде што е сместен мотел ресторанот „Кај Мице“ се наоѓа богата букова шума која овој локалитет го прави секогаш привлечен за туристите и посетителите. Природата го обдарила ова место со голем број на природни реткости преку целата година, почнувајќи од планинско цвеќе, чаеви, шумски плодови, букова шума со ладовина.
Во дворот на мотелот се наоѓа дрво бука за која се вели дека е стара и над 500 години.
Таа е импозантна со свето стебло, но и со крошна која се извила високо во просторот оставајќи несекојдневен впечаток за сите кои ќе се сретнат со неа. Просторот околу буката се користи за одмор под дебелите сенки и ладовината која се создава во текот на летните месеци. Нејзината доминантност во просторот не го остава рамнодушен секој посетител кој сака да се фотографира покрај неа.
- Со цел да се заштити оваа стара бука од пропагање, поведовме граѓанска иницијатива оваа бука да биде заштитена со закон, да биде ставена во регистариот на природни реткости во Осоговијата, какви што ги има се помалку. Бидејќи локалитетот се наоѓа во атарот на општина Пробиштип, ќе треба и општината да се вклучи во овие активности, изјави долгогодишниот планинар од Кочани, Никола Христов.
Инаку со оваа бука и просторот околу неа се поврзани повеќе легенди и преданија за постоењето на Влашките колиби на Пониква, за присуството на голем број влашки семејства на овој простор, за бројните стада овци и друг вид на добиток, за традицијата на подготовка на специјалитети од млеко, млечни производи и компир, за традиционалните обичаи на молзење на стоката, стрижење на овците, белење на волната, па се до традиционалните собири, седенки, селски слави и свадби кои биле составен дел на животот на овој простор.
Токму затоа се предлага оваа стара бука да стане значаен туристички потенцијал за развој на планинскиот туризам во овој дел на Осоговијата. Нејзината заштита ќе значи и достапност до посетителите, бидејќи се помалку се вакви природни реткости во Осоговијата кои останале неуништени од човекот.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола