Loading Video...
Фудбал
2. September 2019 - 19:49

Да се вратиме на победите

 

Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот собир пред квалификацискиот дуел за ЕП во Израел закажан за 5-ти септември. Според Бобан Николов гостувањето во Израел и Летонија е шанса  за враќање на победничките патеки.

„Не чекаат два многу тешки натпревари, мислам дека можеме да ги добиеме и двата, зошто да не. Сакаме уште да се докажуваме и да покажеме дека тоа беше само слаб ден со Австрија. Но, што било поминало, сега е најважно што не чека понатаму, оваа репрезентација многу ветува и покажала квалитет. Не одиме да се браниме, одиме на победа, мило ми е што играчите се здрави, едвај чекам да ги видам моите колеги, и мислам дека заедно ако се сплотиме, мислам дека нема да имаме проблеми. Ако бидеме фокусирани како со Полска, ќе немаме проблем. Најважно е како ние ќе одиграме, а не противниците“, изјави Николов.