Д-р Врабевски: На граничните премини Златарево и Станке Лисичково вакцинирани околу 5.100 Македонци
Приближно 5.100 вакцини се аплицирани на граничните премини Златарево и Станке Лисичково, соопшти компанијата што ја организира вакцинацијата на границата со Македонија, јави БТА.
Двата центри за вакцинација на границата беа отворени во мај по иницијатива на сопственикот на компанијата, д -р Милен Врабевски, и сега се затворени, а имунизацијата се вршеше со вакцини на Фајзер и на Џонсон и Џонсон.
Можноста за вакцинирање на гранчните пунктови ја искористиле бугарски и македонски државјани, со постојано или привремено, бугарско државјанство, меѓу кои вработени во детски градинки, полицајци, пожарникари и други.
Од компанијата посочуваат дека потребата од двата пукнта за вакцинација се јавила, откако подолг период граѓаните, кои живеат на територијата на Република Македонија немале пристап до најпознатите и најпосакуваните вакцини против вирусот, објави БТА.
“ние бяхме длъжни да помислим за тези хора там. Имаме постоянно и временно пребиваващи, чиито семейства и родове са свързани с България. Ние трябва да следваме примера на Европейския съюз за интеграция на Западните Балкани, което включва помощ и грижа при превенцията от пандемията там, където можем да сме полезни на нашите съседи”, коментира д-р Милен Врабевски, цитиран в прессъобщението.
– Во Република Македонија има повеќе од 120.000 граѓани со бугарски пасош и бевме должни да размислуваме за овие луѓе таму. Имаме постојани и привремени жители чии семејства и роднини се поврзани со Бугарија. Мора да го следиме примерот на Европска Унија за интеграција на Западен Балкан, која вклучува помош и превенција од пандемија, каде што можеме да бидеме корисни за нашите соседи, истакна д-р Врабевски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица