Д-р Петличковски: Има податоци кои укажуваат на тоа дека природниот имунитет е подобар од вакциналниот
Директорот на Институтот за имунологија, доктор Александар Петличковски за Слободен печат вели дека има прилично сериозни податоци кои укажуваат на тоа дека природниот имунитет е подобар од вакциналниот имунитет.
Тоа, според него секако, не значи дека граѓаните треба да трчаат по инфекција за да имаат подобар имунитет против Ковид-19, затоа што и вакциналниот имунитет е споредлив.
Тој сподели израелска студија објавена пред неколку дена, спроведена на огромна група испитаници.
-Оваа студија потврдува дека природниот имунитет е многу солиден. Израелската студија е спроведена на огромна група испитаници и потврдува дека луѓето кои имаат поминато Ковид-19, поретко се инфицираат со Сарс Ков 2, отколку луѓето вакцинирани со две дози.
А најдобриот имунитет пак, имаат луѓето кои имаат поминато болест и имаат примено една доза вакцина. Сето ова се однесува на вакцината на Фајзер, вели тој и меѓудругото посочува дека најдобрата комбинација за имунитетот е откако ќе се прележи инфкцијата да се прими една вакцина која дава уште подобар имунитет.
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство