Д-р Наумовски за жената која избега преку прозорец од гостиварската болница: Откако ја испишав, во бурекџилница влегла
По појавата на видео на социјалните мрежи каде се гледа како пациентка заразена со Ковид-19 ја напушта гостиварската болница преку прозор главниот инфектолог на болницата, доктор Ратко Наумовски за „Слободен печат“ изјави дека пациентката не избегала од болницата, туку постојано лекарите мака мачеле да ја смират за да остане во собата.
- Пациентката не избега, туку си излегуваше од прозорецот постојано. Порано имавме решетки, сега нема решетки откако го реновиравме инфективното одделение. Вчера ја испишав од болницата бидејќи видов на Фејсбук дека ја снимил некој како излегува од болницата. Не можам да седам и да ја вардам, ниту сестрите можат ниту ние лекарите. Излегуваше низ ходник. Ако ја потсетев, пак ќе влезеше в соба, после пет минути кога не сум тука, пак излегуваше. Ковид позитивна беше. Нејзиното лекување заврши и јас ја испишав од болницата. Не правиме веќе тестови дали е позитивна или негативна. Откако ја испишав од болницата, во бурекџилница во град влегла. Не можеме да гледаме кај одат пациентите. Им кажуваме дека кога ќе го напуштат инфективното одделение уште една недела да бидат дома. Не можеме да ги излечиме сто процентно за време на лекувањето на инфективна. Ако лекуваме така, по два месеци ќе ги држиме пациентите во болница. Имаше добра сатурација во текот на неколку последователни денови и откако видов дека ја снимиле на Фејсбук ја испишав лично, зашто не можевме да ја вардиме. Излегуваше преку прозорец, на тревникот. Со неа во соба беа две потешки пациентки вклучени на кислород. Еден ден ја најдов како ја исчистила тревата надвор. Не избегала од болница, туку само се шеташе во болницата, така му кажав и на инспекторот од полицијата кога дојде да праша, кажа доктор Наумоски.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра