Д-р Гочевска за вратените патници од Грција: 20 се во изолација од кои четворица се позитивни
Од патниците кои пред неколку дена се вратија со автобус во државава по летувањето во Грција, досега 20 има во изолација од кои четири се позитивни, а останатите се контакти. Изолацијата е направена според протоколот во зависност од контактите кои ги имале. Тоа се млади луѓе кои биле на летување во Грција. Ова денеска го изјави доктор Марија Гочевска од Центарот за јавно здравје Скопје.
Таа посочи дека освен шоферот и двајцата водичи ниту еден од патниците кои се во изолација не бил вакциниран.
– Лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале 14 дена од последната доза на вакцината не подлежат на изолација, но тоа не значи дека тие не треба да посветат внимание на евентуална појава на симптоми, рече доктор Гочевска.
Таа нагласи дека треба да се почитуваат мерките во затворен простор во смисла на носење маска, да се избегнува групирање, контакти без носење лична заштитна опрема и да се зголеми опфатот со вакцинацијата, затоа што тоа е единствениот начин за заштита од заболувањето.
– Опуштањето не треба да биде сто проценти, бидејќи вакцинација не дава стопроцентна гаранција дека некој нема да заболи, додаде доктор Гочевска.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова за МИА претходно изјави дека доколку се процени дека и другите патници кои биле во автобусот се со среден или висок ризик и тие ќе добијат решенија за изолација.
– Во автобусот кој од Грција пристигнал во државава на 20 јули имало 27 патници, додаде д-р Сотирова Бухова.
Ново на Сител
-

Утринските температури над нулата, најмногу дожд на Попова Шапка и во Пожаране
-

Меѓународен спорт во 2025: Дуплантис прескокна 6.30 метри, Норис стави крај на доминацијата на Верстапен во Ф1
-

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на литургија по повод Христовото раѓање-Божик
-

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик
-

Попладне врнежи од дожд, над 25 литри
-

Обилни дождови предизвикаа поплави во Црна Гора, најпогодени се Никшиќ и Даниловград
-

Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа на преговори за Украина во Париз
-

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид - Кичево се веќе во функција | ВИДЕО
