-->
-->
Цветков во Чешиново на промоција на резултатите на оризово поле од системот капка по капка
-->
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков во присуство на оризопроизводители ги промовираше резулаттите од првото и единствено поле со ориз во Макеоднија наводнувано со систем „капка по капка во сопственост на Јорданчо Лефков.
-За македонското земјоделство да биде конкурентно клучно е земјодлеците да ивенстираат во нови технологии како системите капка по капка за едногодишни култури. Новиот начин на наводнување овде во Чешиново резултираше со запштеда на вода од 40 проценти, заштеда на време од 650 отсто (218 работни часови), олеснет процес на хемиска заштита, значително намалување на плевелот, зачувување на хранливи материи во почвата и намалување на емисијата на стакленички гасови од полето. Дополнително овој начин на наводнување отвора можност за производство на органски ориз кој не се произвдеува во Макеоднија, а за кој има голема побарувачка во Европа, истакна министерстот Цветков.
Потенцира дека Министерствоито за земјоделство ќе продолжи да го подржува овој процес преку националаната програма која во 2017 година ќе стави на располагање три милиони евра за кофинансирање на ископ на бунари и набавување системи капка по капка за едногодишни култури.
- Одржливото производство на ориз со помош на наводнувањето капка по капка е клучно за адаптација на земјоделството кон климатските промени но и за зголемување на профитабилноста на оваа култура. Со дополнително усовршување на земјодлеските протоколи кои се користат со наводнувањето капка по капка овозможено е и зголемување на приносите на ориз до 20 проценти, објасни Димче Дамјановски агроном и специјалист за економски развој во проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.
Според Јораданчо Лефков, оризопроизводител од село Чешиново примената на системот капка по капка е повеќе од исплатлив. На оваа иста површина, вели тој, по производство на јачмен, сега се добиени задоволителни приноси на ориз и тоа по 600 килограми по декар.
На денесшната средба со опризопроисводителите во село Чешиново, министерот Цветков истакна дека просечните приноси се движат околу четири илјади тони по хектар. Зборувајки за проблемот со пласманот на оризиот Цветков ги истакна малите површини кои се сеат под ориз (5.000 хектари) годинава со можност тие да се зголемат на 9.100 хектари.
Со донесувањето на законот за консолидација на земјоделско земјиште Цветков рече дека од фондовите на ЕУ ИПА 2 програмата се обезбедени финансиски средтва од шест милиони евра за оваа намена. Од идната година, рече тој, ќе почнеме со избор на земјделски површини во Кочанско со цел да се добие поголема земјоделска површина и систем за наводнување.
- Земјоделците од кочанско не го користат семенскиот материјал, додавајки дека 1,5 процент од површините се насеани со семенски материја, а останатите со меркантилно семе. Како Министерство за земјдоелство, шумартство и водостопанство во 2017 годна на прозивдителите ќе им обебзениме сертифициран семенски матереијал увезен од Италија за оние сорти кои земјоделците ќе ги побараат. За само 70 денари по килограм сертифицирана семенска арпа ќе увеземе и истата ќе ја платиме 50:50 согласно програмата за рурален развој со што ќе се добијат просечни приноси по 7.000 тони од хектар, истакна министерот Цветков.
Информира дека МЗШВ планира и набавка на семенски материјал од Турција. Во рамките на бесцаринската дозвола, Македнија во Турција може да извезе 8.000 тони квалитеттен ориз. Формирањето на земјделските задруги според Цветков е повеќе од потребно за оризпроизводителите од кочанскиот регион.
На новинарско прашање каков ќе биде откупот на тутунот годинава Цветков истакна дека квалитетот на тутунот годинава е на високо ниво, а во овој момент просечната откупна цена достигнала по 180 денари по килграм. Според Цветков годинава се очекува откуп на целокупноот производство на тутун кој изнесува околу 20.000 тони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот