-->
-->
Цветков: Голем интересот за Џумајлија
-->
Интересот за Џумајлија е голем. Преку 30 компании се пријавени на огласот за давање под концесија кој е во тек и ќе трае до 9 октомври годинава, рече денеска министерот за земјделство, шумарство и водостопанств Михаил Цветков по работната посета на Свети Николе.
Според огласот, потсети Цветков, земјиштето е поделено на четири целини и за секоја е утврдена висината на инвестицијата - колку идниот закупец ќе треба да вложи, за што и за колкав период.
- Во првата географска целина треба да се инвестираат најмалку четири милиони евра, додека во останатите три по два милиона евра, нагласи министерот.
Од вкупната површина на Џумајлија, 4.800 хектари, околу 200 до 300 хектари, рече Цветков, се издвоени за ситните земјоделци.
Со оглед дека на Овчеполието му е неопходна вода, за десетина дена, како што најави ресорниот министер, ќе биде објавен и конурсот за избор на изведувач на браната Речани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност