Цуклев: Парламентарното мнозинство спречи да продолжи покачувањето на пензиите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Цуклев денеска обвини дека со гласањето против Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на денешната седница на Собранието, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ спречило да продолжи трендот на зголемување на пензиите на пензионерите што беше редовна пракса во изминатите години.
Цуклев кажа дека ВМРО-ДПМНЕ кога била на власт ги зголемила пензиите на сите пензионери во Македонија и оти притоа најниската пензија од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари. - Просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари, што е зголемување за 79%. На овој начин ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за пензионерите, рече Цуклев.
- СДСМ како и во минатото кога беше на власт им го сврте грбот на највозрасната популација во Република Македонија. Ваквото деструктивно однесување на СДСМ ќе биде казнето од страна на граѓаните на претстојните локални избори, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Цуклев.
Ново на Сител
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
-

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
-

Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
