ЦУК: За време на изминатиот викенд локализирани десетина пожари
За време на викендот до денеска регистрирани се десетина пожари на отворен простор, каде горела сува трева и дабова шума, сите се локализирани и изгаснати, информираат од ЦУК.
Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи во атарот на село Дрен, горела сува трева и дабова шума. Интервенирано е со едно ПП возило и три пожарникари.
Во Крушево пак, повторно се реактивирал пожарот во атарот на село Алданци, каде горела сува трева и нискостеблеста деградирана дабова шума. На терен интервенирано е со едно ПП возило, три пожарникари од ТППЕ-Крушево, едно ПП возило од општина Кривогаштани, 12 вработени во НШ ,,Липа“ и двајца припадници на МВР. Пожарот е целосно локализиран.
Територијалната противпожарна единица Прилеп интервенирале на место викано Топташ каде горела сува трева, а биле загрозени и викенд куќи. Интервенирано е со две ПП возила и пет пожарникари.
ТППЕ Прилеп во изминатото деноноќие имале уште две помали интервенции во градот и околината.
РЦУК – Скопје, БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имале една помала интервенција надвор од градот.
Четири пожарникари со две ПП возила и тројца вработени во Македонски Шуми интервенирале во гасење на запалена сува трева на површина од околу три хектари во атарот над село Сенокос во општина Гостивар. Пожарот настанал покрај дива депонија.
ТППЕ Кичево во изминатото деноноќие имале една помала интервенција надвор од градот. ТППЕ – Македонска Каменица имале интервенција на градската депонија со три возила, пет пожарникари, едно возило и пет пожарникари од ТППЕ Делчево. Во интервенцијата исто така учествувале и едно товарно возило и три грејдери од ЈП Камена Река. Пожарот е локализиран но не е целосно изгаснат, на некои места се уште има дим.
Како што соопштуваат од ЦУК на местото е останата екипа од ТППЕ – Македонска Каменица заради контрола на пожарот.
ТППЕ Куманово исто така, имале една помала интервенција надвор од градот.
Центарот за управување со кризи секојдневно одржува редовни прес-конференции на кои ги соопштува најновите информации со состојбата на пожарите на територија на државава.
Ново на Сител
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија
-
Општина Центар: Во тек е голема акција, се чисти на шест локации
-
УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава
-
Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос
-
570 возачи казнети во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле со забрана
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа
-
Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори