ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112

Во последното деноноќие има вкупно 1,616 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици се 64,48 отсто, а 35,52 отсто се за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон полиција се упатени 72,11 отсто, кон Итната медицинска помош 24,3, а кон пожарникарите 2,32 отсто, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Имало 842 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (1,20%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(35,52%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), соопштија од ЦУК.
Во последното деноноќие, како што велат, имаше евидентирани два пожара на отворен простор, гореа две депонии.
-Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струга од 16:00 до 17:00 часот со два пожарникара и едно противпожарно возило гаснеле запалена депонија кај „Еуро Хотел“ во Општина Струга, а РЦУК Тетово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Тетово во изминатото деноноќие имале една помала интервенција на запалена депонија во Општина Тетово, прецизираат од ЦУК
Ново на Сител
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
